Saza 3 zoom
Стаза 3 е наменета за понапредни скијачи и се вбројува во групата на средно/тешки патеки. Таа е долга 700 метри, а првите 200 метри се доста стрмни и тешко ги совладуваат не толку искусните скијачи. На лифтот има 24 дупли сидра и за 2минути и 30секунди пренесува 48 луге до врвот на патеката.

Целата стаза е опремена со рефлектори за ноќно скијање и топови за вештачки снег. На патеката секоја година се одржува познатиот Осогосвски Слалом. Цената на целодневната ски карта изнесува 500денари, додека за викенд таа е 800денари.

Стаза 3 – Средна/Тешка Патека