Туристичкиот локалитет Пониква се наоѓа на 20км северно од Кочани, во прегратките на Осоговските Планини,на 1580 м.н.в., покриен со густа букова шума и разновидна тревна вегетација. Поради поволната клима Пониква претставува извонредно место за летен и зимски туризам.

Пониква е еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Туризам

ponikva_slider_1Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одмаралишта, угостителски објетки, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на локалитетот Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени се повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни локации за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв(Султан Тепе – 1085 m).

Природни богатства

Како посебна туристичка атракција, за љубителите на ловот, во непосредна близина на спортско-рекреативниот центар Пониква, се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи, како и сместување.