Пониква е туристички центар и викенд населба во источна Македонија, 20 km северно од Кочани на Осоговските Планини. Се наоѓа наа надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.